Создадена маска која го неутрализира коронавирусот

од Nikola Popovski
155 прегледи

Група научници од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон направиле заштитна маска која може да ги неутрализира честичките на коронавирусот, што паѓаат на неа, објави порталот „Расон“.

Порталот наведува дека овој ефект се постигнува благодарение на неколку водоотпорни слоеви и специјална иновативна ткаенина со специјална обвивка.

За време на студијата, истражувачите ја ставиле маската во раствор со молекулите на коронавирусот, а 99 проценти од нив ги загубиле своите својства по еден час. Маската може да се користи повеќе пати.

Францускиот институт Пастер експериментално утврдил дека маската може да се испере најмалку 50 пати.

Според најновите податоци, повеќе од 16 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во светот, од кои повеќе од 645 илјади починале.