Половина хотели во Црна Гора затворени поради епидемијата

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Речиси половина од сите хотели во Црна Гора не работат поради епидемијата на коронавирусот и прашање е дали воопшто ќе се отворат оваа година, неофицијално дознава „Победа“.

Гости од повеќето земји во регионот, како и патници од Европската унија, не можат да дојдат во Црна Гора, која тамошните власти до неодамна ја нарекуваа „дестинација без корона“, па затоа се откажани голем број резервации за хотели и летови.

Податоците за јули достапни на Стопанската комора на Црна Гора покажуваат дека не е отворен ниту еден хотел во Жабjак, што е случај и со Колашин, додека на брегот ситуацијата е различна од град до град.

Околу 50 хотели се отворени во општина Будва, додека сè уште не се отворени сите хотели во Тиват и не се очекува значителен сообраќај затоа што традиционално најбројни гости претежно се туристи од земјите на црвената листа.

Во Бар се отворија 23 хотели, додека 13 хотели од вкупно 41 регистрирани објекти беа отворени во Херцег Нови.

Приватниот сектор скоро не започна со работа, истакнува Стопанската комора на Црна Гора и забележува дека ситуацијата се менува од момент во момент, во зависност од важечките мерки.

Иако хотелиерите имаа поголем број гости за време на празниците, тие се претежно домашни туристи, претежно од Подгорица.

Резервациите генерално се прават непосредно пред патувањето, што значително комплицира какви било предвидувања и проценки.