Насилни демонстрации против полициската бруталност и расистичката неправда се одржаа и во Денвер, Колорадо, објави денес АП.

Според извештаите на медиумите, автомобилот влетал во толпа демонстранти, а еден маж бил застрелан за време на протестот во предградието на Денвер, Аурора.
Локалната полиција соопшти ладека автомобилот влетал и минувал низ толпата демонстранти на автопатот И-225, а еден демонстрант истрелал неколку куршуми и ранил најмалку едно лице, кое потоа било однесено во болница и во моментот е во стабилна состојба, надвор од животна опасност.
Возилото е отшлепувано на форензичка анализа, а властите прогласија незаконско собирање и наредија на демонстрантите да се разидат.
Во предградието на Денвер, Аурора, демонстрациите почнале по убиството од немарност на осомничениот Афроамериканец Елајџа Меклејн (23), кого полицајци го привеле додека се враќал од работа, а потоа го однеле во брза помош, каде лекарот, на барање на полицијата му дал инјекција за смирување, која се покажала како смртоносна.