Два македонски града се најголеми инкубатор на Ковид-19

од Берта Китинска
411 прегледи

Текстилните компании во Свети Николе и Штип сега се главни жаришта на инфекциите. Вирусот сега се шири меѓу блиските на вработените, а не само во фабриките.

Бројот на активно болни од коронавирусот во последниве две недели има во Штип и во Свети Николе. Според податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје  во Свети Николе, вчера се забележани 188 случаи, додека во Штип 380 пациенти со коронавирусот.

Дневниот број на новозаразени лица од КОВИД-19 во земјава и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на КОВИД-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10086, а има вкупно 4199 активни случаи.

Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата е 5427, а на починати 460. Досега направени се вкупно 95 169 тестирања на КОВИД-19.Според податоците на Министерството за здравство, вчера беа направени 1077 тестирања.

Слични содржини