Познат туристички центар стана жариште на корона: Бројот на заразени се зголеми на 53

од Aleksandar Petrovski
201 прегледи

Бројот на заразени со коронавирусот во познатиот австриски туристички центар Санкт Волфганг се зголеми на 53, а зафатен е и најпознатиот хотел „Вајсес Рошл“.

Меѓу заразените, има најмногу практиканти кои работат во хотелите, но има и гости.

Од првите 44 позитивно тестирани лица, дури 43 биле практиканти, па затоа се смета дека ланецот на инфекција започнал од нив.

Сите заразени, според надлежните, се во самоизолација.

Што се однесува до заразените гости, тие можат да се вратат дома само со таканаречено „ковид такси“.

Поради појава на жаришта, ова туристичко место сега се соочува со зголемено сторнирање на сместувањето, пред се за гостите од Германија.