Италија работи на воведување на брзи тестови на аеродромите

од Aleksandar Petrovski
113 прегледи

Италијанското Министерство за здравство, кое најави зајакнување на контролата на патниците кои доаѓаат од странство, работи на воведување на брзи тестови за ковид-19 на аеродромите и железничките станици, што би дале резултати за 15 до 20 минути.


Италијанското Министерство за здравство, во соработка со римската болница Спаланчани, работи на воведување на молекуларни тестови за откривање на ковид-19, што би покажале резултати за пократко време во однос на класичниот тест, за што се потребни најмалку четири часа, јавуваат италијанските медиуми.

Здравствените власти во Италија сметаат дека е неопходно да се зајакне контролата на патниците со цел да се спречи нов бран на инфекција, затоа што нови случаи позитивни за вирусот „ковид-19“ се идентификувани главно по пристигнувањето на луѓе од странство.

Сигурноста на тестовите треба да се знае од среда, 29 јули, по валидноста.

Во исто време, регионалните власти во Италија воведуваат сериозни казни за луѓе кои не користат заштитни маски во затворени простории достапни за јавноста.

Во регионот Кампанија е воведена казна од 1.000 евра за оние кои не користат заштитни маски во затворен простор, т.е. во јавните установи, продавници, барови, ресторани и јавен превоз.