На полноќ, во Австрија стапија во сила нови мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите балкански земји.
Новите мерки значат дека патниците мора да покажат негативен ПЦР тест на границата, кој не смее да биде постар од три дена.

Доколку го немаат овој тест при влегување, патниците мора да одат во самоизолација и во рок од 48 часа мора да направат ПЦР тест на свој трошок.
Во случај да не го сторат тоа, следува парична казна до 1.450 евра.