Кражбата на катализатори стана развиен и профитабилен бизнис во Европа, каде црниот пазар за овие делови од ден на ден расте, но сега се чини дека целата приказна се пресели на другата страна на океанот.

Полицијата во Калифорнија неодамна спроведе голема рација во градот Елк Гров, во која заплени дури 2.000 катализатори, како и 300.000 американски долари во готово.

Се чини, катализаторите станаа барана стока надвор од Европа, во другите делови на светот. Сепак, овде не е само нивната препродажба во прашање. Тие се барани и заради паладиумот кој се наоѓа во нив. А цената на тој скапоцен и редок метал е околу 2.000 долари за унца.
Дека кражбите на катализатори можат да бидат многу опасни, покажува случајот што се случил во Англија во февруари, кога крадец починал под автомобилот откако дигалката со кој го подигнал возилото, се лизнала и спуштила, па автомобилот паднал врз него и му го смачкал градниот кош.