Американски сенатор: Ропството беше неопходно зло

од Nikola Popovski
140 прегледи

Сенаторот на американската сојузна држава Арканзас го отфрлил тврдењето дека САД во суштина се расистичка земја, опишувајќи го ропството како „неопходно зло“, врз кое е изградена американската нација, пренесува Би-Би-Си во понеделникот.

Во еден локален весник, републиканскиот сенатор Том Котон изјавил дека го отфрла тврдењето дека САД се „системски расистичка земја во своето јадро“.

Котон весникот„Arkansas Democrat-Gazette“ дека „ние мора да ја проучуваме историјата на ропството и нејзината улога и влијание врз развојот на оваа земја затоа што во спротивно не можеме да ја разбереме нашата сопствена земја“.

„Како што рекоа основачките татковци, тоа беше неопходно зло на кое се градеше унијата, но на некој начин, како што рече Абрахам Линколн, тоа ропство е конечно искоренето“, изјавил Котон.

Сенаторот е остар критичар на протестите што избувнаа низ целата земја по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота, жртва на полициската бруталност.

Тој, во колумна на „Њујорк Тајмс“, ги нарекол протестите „оргии на насилство“ и го поддржал претседателот Доналд Трамп да ја искористи војската за да ги задуши немирите.

Колумната била критикувана, а повеќе од 800 вработени во весниците ја осудиле неговата објава, тврдејќи дека се дезинформација и дека е под нивото на уредничките стандарди.

Од Њујорк Тајмс на крајот се извиниле, а уредникот на рубриката за колумни, Џејмс Бенет поднел оставка.