Овој македонски град беше жариште на Ковид-19, сега бележи пад на новозаразени лица

од Берта Китинска
344 прегледи

Тетово бележи опаѓање на бројот на новодијагностицирани и подолг период тој е помал од десет.

Во вчерашната статистика беа регистрирани шест нови случаи. Но и во овој град сè повеќе се чувствуваат штетите во економијата предизвикани од пандемијата. Тоа го констатираше и Кризниот штаб на Тетово зашто многу мали бизниси затвораат бидејќи се поврзани со услуги за кои сега нема побарувачка.

Од новопотврдените 128 инфицирани, најмногу (52) се во Скопје, следува Штип со 29, а двоцифрен број новозаразени имаат Гостивар (13) и Кавадарци (10).

Во вчерашниот биланс Скопје бележи и најмногу оздравени, 108 од 137-те во цела држава, но и натаму има висок број активни случаи, односно 1876 од вкупно дијагностицираните 4660 досега. Од скопските општини, над 200 болни во моментов имаат Чаир (265) и Аеродром (207), 193 се во Гази Баба, 183 во Кисела Вода, 164 во Карпош, 150 во Центар, 133 во Бутел, 129 во Ѓорче Петров, 120 во Шуто Оризари и 109 во Сарај.

Трицифрен е бројот на активни случаи во осум градови во земјава: 409 во Штип, 284 во Куманово, 278 во Тетово, 234 во Гостивар, 206 во Струга, 189 во Свети Николе, 124 во Дебар и 111 во Охрид.

Слични содржини