Австрија: Синдикатот бара платена „пауза од маска“

од Aleksandar Petrovski
124 прегледи

Австриската унија „ГПА-ДЈП“ бара платена пауза во продавниците по два часа работа со маска на главата.

„Вработените во продавниците прават макотрпна работа под овие горештини со маска и затоа им треба олеснување“, рече шефицата на синдикатот, Барбара Тајбер.

Таа истакна дека вработените, меѓу другото, треба да пренесат до еден тон овошје и зеленчук на ден, за да работат на касата.

„Тешка работа е уште потешка со маска“, вели Тајбер.

Синдикатот апелираше до владата „да обезбеди поддршка за вработените во супермаркетите, кои се херои од оваа ера, кои беа пофалени пред три месеци, и да воведат платена пауза од маската“.

ГПА посочува дека има случаи кога вработените, поради отежнато дишење под маска, колабирале на работа.

Од петокот, маските мора да се носат повторно во супермаркетите во Австрија, по едномесечна пауза.