Рускоска: Поднесовме барање за претрес во ДИК поради сомневања за јавната набавка

од Берта Китинска
314 прегледи

Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија за да ја одземе документацијата околу компјутерската фирма која ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите.

„Поднесовме барање до судија на претходна постапка за даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка“, рече Рускоска за вестите на „Сител“.