Не му се допаѓале корона мерките па фрлил молотов коктел на белгискиот парламент

од Aleksandar Petrovski

Човекот кој фрлил „молотов коктел“ на зградата на Федералниот парламент во Брисел во понеделникот, изјави дека го сторил тоа како знак на спротивставување на начинот на кој белгиските власти управуваат со кризата предизвикана од КОВИД19.

Иако имаше сомневања дека овој чин е предизвикан од екстремизам, уапсениот потврди во изјава пред јавниот обвинител дека тој не постапил во име на ниту една идеологија, но дека, како што рече, ќе се одмазди на владата која според негово мислење постапила погрешно во управувањето со сегашниот систем на здравствената криза.

36-годишен маж, П.В., во понеделникот фрли рачно изработена бомба врз зградата на Федералниот парламент во центарот на Брисел.

Во таа прилика, никој не е повреден, а на јавната површина е направена мала материјална штета, соопшти белгиската полиција.

Слични содржини