Трамп саркастично: Русија е виновна за протестите во Америка

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Руската Федерација е виновна за протестите во САД, се пошегува американскиот претседател Доналд Трамп денес на Твитер.

Тој саркастично ја коментираше вчерашната изјава на членот на Претставничкиот дом на САД од Демократската партија, Џери Надлер, кој го нарече мит тврдењето дека движењето „Антифа“ извршило насилство во Америка, вклучувајќи го и Портланд, каде протестите траат веќе некое време.

Трамп напиша дека активностите на организацијата „Антифа“ се нелегални и дека нејзините активисти имаат долга историја на докази што го потврдуваат тоа.

– Тие се анархисти кои имаат долга историја на докази што ги потврдуваат нивните незаконски активности. Џери, обвинете ги Русија, Русија, Русија! – се наведува во објавата на американскиот претседател.