Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули 2020 година, којшто покажува намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела.
Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.
Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20% повеќе од претходната недела на известување (13 – 19 јули).