Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за ТВ21, информираше за подготовките на здравствениот систем за есенските денови.
„Имаме најцрно и малце порозево сценарио, меѓутоа она што е тешко е да се прогнозира што ќе се случи во период пред нас, вели претседателот на Комисијата за заразни болести“, изјави Караџовски.
Тој вели дека зимата околу новогодишните и божиќните празници состојбата би се искомплицирала затоа што во есенскиот и зимскиот период има пациенти со респираторни вируси.
„Тоа значи од октомври натака почнуваат аденови рози, респираторни синцицијални вируси, параинфлуенца и инфлуенца. Кога ќе дојде инфлуенца тоа значи околу новогодишните и божиќните празници ќе ни се случи еден втор бран во кој со сигурност ќе имаме зголемен капацитет на хопспитализација на болни, ќе се искомплицира состојбата затоа што ние во секој момент знаеме дека околу 20 % од сегашните капацитети ќе бидат пополнети со заразни заболувања од групата на респираторни вируси, а тоа пред сè е инфлуенца“, вели Караџовски.