Седум бебиња починаа во понеделникот вечерта во болница во Зимбабве поради недостиг на персонал поради пандемија на коронавирус, пренесува Би-Би-Си.
Лекарите, кои ја потврдија оваа вест за БиБиСи, сакаа да останат анонимни.
Медицинските сестри започнаа штрајк низ целата земја заради недостаток на заштитна опрема и други проблеми, додека породилните болници беа преполни.
Лекарите рекоа дека бебињата родени со царски рез умреле при породување затоа што немало доволно персонал. Тие ја опишаа ситуацијата како „врв на ледениот брег“.
– На две мајки им пукнале матките и им била потребна операција. Другите операции не беа направени навреме, така што бебињата починаа, заглавени во карлицата на нивните мајки – рече еден доктор.
Out of 8 pregnant women, only one went home smiling. (Today, Harare Hospital)
That 0/10 in red means NO LIFE (1st frame) and those green clothes are covering dead bodies of new born babies.
All this is AVOIDABLE but our leaders have chosen to LOOT.
Please! pic.twitter.com/PuCVVGFm3h— Dr Peter Magombeyi (@DMagombeyi) July 28, 2020
Лекарот ги опишал „ужасните“ сцени во двете главни државни болници во главниот град Хараре, со само мал број медицински сестри и доктори на работа заради штрајкот.
Многу мали клиники во градот биле погодени или затворени, поради што многу бремени жени дошле во болницата во Хараре, што доведе до пренатрупаност во породилната болница.
– Нема изолиран инцидент, тоа се случува секој ден и се што можеме да направиме е да ги гледаме како умираат. Ова е тортура за семејствата и за младите лекари – рече друг лекар.
Зимбабве досега потврди околу 2.800 случаи на коронавирус и 40 смртни случаи.