Измамена жена од Скопје: И се јавиле и тврделе дека ќерка ѝ презгазила дете, барале 50.000 денари да помогнат

од Берта Китинска
315 прегледи

Непознато лице ѝ се јавило на телефон на скопјанка и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајка и повредила малолетно лице.

На 28.07.2020 во 18:15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари.

Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка.

По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини