395
Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, починати се 5 лица, регистрирнаи се нови 188 случаи на Ковид-19 и 268 оздравени пациенти.
Во моментов во штип има 792 позитивни лица од кои активни носители се 436 случаи. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.
Текстилните компании се главни жаришта на инфекциите, но вирусот сега се шири меѓу блиските на вработените, а не само во фабриките.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.