Новиот реис Фетаху позитивен на Ковид 19

од Берта Китинска
374 прегледи

Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху е позитивен на коронавирус.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за ковид 19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов, сè е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“, вели Фетаи во својата порака на Фејсбук.

https://www.facebook.com/ShaqirFetahuOfficial/posts/1204605223251049