Четворица министри во Србија под истрага за перење пари

од Vladimir Zorba
234 прегледи

На списокот за истрагата на Управата за спречување перење пари на Србија има и четворица министри, а се работи за најобични проверки, рече претседателот Александар Вучиќ за време на обраќањето пред граѓаните.

Тој рече дека е многу важно граѓанскиот сектор да биде силен и да има однос на почитување со државата, но дека исто така е многу важно законите да важат за сите и дека никој не смее да биде над законот.

„Не станува збор за ништо посебно, туку за најобични проверки. Но, политиката е секогаш во прашање. Ајде да кренема бука како сме загрозени, така ќе добиеме малку повеќе пари од донаторите. И тоа е така 30 години“, рече тој.

Тој напомена дека граѓанскиот сектор „никој не го допиа“ и дека секој може да зборува за која било тема, што и да посака.

„Никогаш не сум се сретнал со првиот човек на Управата за спречување перење пари, освен можеби на прием“, рече претседателот.

Претседателот додаде дека утрово тој бил повикан дури и од министер за да го праша зошто е на списокот, откако на него има дури четири министри.

Слични содржини