Даглас Маркс (29) беше уапсен откако во неделата започна да пука кон мајка и дете во хотел во Мајами, бидејќи „не се придржувале кон мерките за социјално дистанцирање“.
Имено, жената седела со својот син во фоајето на хотелот на троседот, кога Даглас им пришол и ги предупредил дека не ја одржуваат пропишаната далечина.
Вероника се насмевнала љубезно кон него, а потоа продолжила да седи до својот син како ништо да не се случило. Ова, се чини, го иритирало младиот човек, кој одеднаш почнал да зборува со некој неодреден: „Дозволете ми да се погрижам за нив, тука имам двајца кои не ги следат упатствата“.
Потоа извадил пиштол и почнал да пука во нивна насока.
Според американските медиуми, Маркс испукал четири куршуми, а за среќа никој не е повреден.
Тој по апсењето признал дека пукал, но рекол дека тоа го сторил затоа што „некој го следи“.