Во Хрватска денеска беа потврдени 78 нови случаи на коронавирус од 1.448 тестирани, а три лица починаа.

Бројот на тековно активни случаи во Хрватска е вкупно 749, меѓу нив 130 пациенти се во болница, од кои шест се на респиратор, соопшти Националниот кризен штаб.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 5.071 лица заразени со коронавирус, од кои 144 починале, а 4.178 се опоравени.
Во моментов има само 2863 лица во самоизолација, пренесува Хина.
До денес, тестирани се вкупно 117.117 лица.
Според министерот за здравство Вили Берош, кумулативната стапка на инциденција од 14 дена на потврдени случаи „Ковид-19“ е 25,4 на 100.000 жители.
Тој додаде дека 44 лица вработени во здравствениот систем се разболеле во последните седум дена.