Д-р Фаучи вели дека за целосна заштита од коронавирусот освен маска мора да имаме уште една работа на лицето

од Aleksandar Petrovski
180 прегледи

Д-р Ентони Фаучи, главен советник на владата на САД за борба против коронавирусот и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, во средата предложи Американците да размислат да носат очила или штитници за лице за подобрување на заштитата.

Фаучи за ABC изјави дека наочарите се повеќекратно ефикасни во заштитата од вирусот на корона.

– Ако имате очила или штитник за очи, треба да ги користите – рече д-р Фаучи – За совршена заштита на површините на слузокожата, потребно е да носите и очила. Теоретски, треба да ги заштитиме сите површини на слузокожата. Значи, ако имате очила, користете ги.

Како што вели тој, така ќе ја комплетираме заштитата на слузокожата на носот, устата и очите.
Самиот Фаучи ја почитува сопствената препорака, па затоа редовно носи маска и наочари.

Слични содржини