Хисени: Ако нема меѓусебно признавање, нема договор

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Шефот на експертската делегација на Косово во дијалогот со Србија, Скендер Хисени, изјави денеска дека нема да има договор со Белград доколку „взаемното признавање“ не е конечен исход на дијалогот.

Тој по состанокот со претставниците на Белград во Брисел рече дека се воделе „тешки разговори“ за елементи што, според него, на крајот ќе бидат дел од „сеопфатен правно обврзувачки меѓународен договор“.

„Ние работиме на прецизен јазик што нема да дозволи нејасно толкување на какви било одредби“, рече Хисени по средбата со претставниците на Белград во Брисел.

На прашањето за претходните договори постигнати во рамките на дијалогот, шефот на косовската делегација изјави дека „сè друго е подредено на ова што претставува „чадор“ што ќе ги содржи сите елементи“.

Хисени потврди дека конечниот договор „мора да вклучува взаемно признавање“.

„Ако тоа не е конечен исход, тогаш нема да има договор. Ние или ќе се договориме за сè или за ништо“, рече Хисени.

Слични содржини