153
Денес ги верификувавме мандатите на пратениците во новиот парламентарен состав. Чувство на свеченост и одговорност, напиша на својот Фејсбук профил Никола Димитров.
„Пред нас се исклучително важни четири години и голема шанса за македонската демократија и економија. Да ги зграпчиме и да ги искористиме. Ни претстојат пристапни преговори со ЕУ, алатка што мора да се искористи за да ги донесеме европските стандарди дома. Со среќа и со ум!“, напиша Димитров.