Дачиќ: Србија нема да се меша во апсењето на амбасадорот на Азербејџан

од Nikola Popovski
178 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавил дека амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, не бил уапсен во Србија, туку во Азербејџан и дека станува збор за внатрешна работа на таа земја.

„Тоа е внатрешно прашање на Азербејџан и нивните безбедносни и судски тела и Србија не се меша во тоа. Хасанов беше уапсен во Азербејџан“, рекол Дачиќ во изјава за српските медиуми.

Амбасадорот Елдар Хасанов е уапсен под сомнение дека проневерил голема сума пари од буџетот, соопшти денеска прес-службата на државната безбедност на Азербејџан.

„Тој е обвинет за проневера на голема сума на буџетски средства, како и за други прекршоци“, објавила прес-службата на државната безбедност.

Хасанов е приведен како осомничен во истрагата. Кривичната постапка се наоѓа во фаза на истрага.