Балканските земји се најголемите „извозници“ на коронавирус во Германија

од Nikola Popovski
119 прегледи

Германскиот институт Роберт Кох, кој секојдневно објавува извештаи за состојбата на пандемијата на коронавирус во Германија, истакнал дека балканските земји јасно се издвојуваат како најголеми „извозници“ на коронавирус во Германија.

Институтот објавил дека во изминатите три недели најмногу Германци, 8.607, се заразиле со Ковид-19 во Германија. Следува Косоварите, каде заразени се 1.096 државјани, Турција има 501 случај, 260 Хрвати се заразени, 196 Срби, 166 Бугари и Босна и 156 лица со потекло од БиХ.

Германија во средата забележа најголемо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус во изминатите неколку недели, а пријавени се 1.226 нови случаи, пренесуваат балканските медиуми.