Колона од 4.000 возила на преминот од Албанија кон Грција

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Илјадници Албанци кои работат во Грција се „заглавени“ на границата меѓу двете држави денес, обидувајќи се да ја преминат пред мерката да стапи на сила во понеделник, според која секој што ќе влезе во Грција мора да има негативни резултати на тестот за „Ковид-19“, соопшти Албанската полиција.

Колона долга повеќе од 20 километри, во која има околу 4.000 возила, беше формирана на граничниот премин Какавија, на југот на Албанија, откако беа најавени нови грчки мерки за почетокот на следната недела, пишува агенцијата АТА.

Од 16 август, максимум 750 луѓе на ден ќе можат да преминат во Грција од Албанија.

Ќе мора да имаат негативен резултат на тестот на ковид-19, кој не смее да биде постар од 72 часа, а откако ќе влезат во Грција, ги чека седум дена изолација.

Грција ги воведе новите правила по нагло зголемување на бројот на заразените.

Слични содржини