ВМРО-ДПМНЕ планира да поднесе иницијатива до Уставен за мандатот на Заев

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислуваат да поднесат иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која Претседателот на државава, Стево Пендаровски го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од партијата на Мицкоски сметаат дека постои сериозна повреда на Уставот бидејќи мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство.

„Во овој момент мандатот е узурпиран од пратеникот Заев, кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање простор за непринципиелно купување на пратеници. Кога Уставот е повреден, Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.