Самоопределување: Вучиќ поставува барања, Хоти ги спроведува

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Движењето „Самоопределување“ објави дека „веќе станало обичај“ за Владата на Косово да ги спроведува барањата на Србија и да создава можност официјален Белград да интервенира во Косово, се вели во соопштението, пренесува порталот „КоССев“.

Движењето „Самоопределување“ реагираше на одлуката на Владата на Косово да ги стопира работите на трасата на патот Дечани-Плав, затоа што дел од патот влијае на специјално заштитеното подрачје на манастирот Високи Дечани.

„(Српскиот претседател Александар) Вучиќ прави барања, (косовскиот премиер Авдулах) Хоти и неговите партнери ги спроведуваат … Прво, реципроцитетот е отстранет, потоа е запрена дипломатската кампања за меѓународно признавање на Косово и сега е запрен јужниот проект“, се вели во соопштението.

„Самоопределување“ додава дека на жителите на општина Дечани им се потребни инвестиции и инфраструктура и дека врската помеѓу Плав и Косово е проект од национално значење.

„Оваа влада мора да го отвори патот во корист на граѓаните на Дечани и Плав, како и во корист на Косово“. Секој ден што поминува, станува предоцна. Немаме време да губиме со политичари и политики во последните 20 години. Ние мора да се вратиме на добра влада и достоинствено претставување“, се вели во соопштението.

Слични содржини