На состанокот на владите на Албанија и на Косово, што треба да се одржи кон средината на септември во Скадар, ќе бидат потпишани „три големи договори“, рече вицепремиерот на Косово, Аљбуљена Баљај-Хаљимај, која заедно со својот колега Ерион Браче е задолжена за подготовка на двете влади.
„Постојат три договори, ќе ги наречам „големи“. Првата е царина во Драч, железничка пруга и хидроцентрала што ќе се гради во Република Албанија за Косово“, рече Аљбуљена Баљај-Хаљимај за „Коха“, објави порталот „КосСев“.
Таа изјави дека има проблеми што бараат решение од владите, како што е отстранување на сите бариери кои го спречуваат целосното спроведување на претходно постигнатите договори, како што е унифицирање на царинскиот код, признавање на заедничка документација за извоз и увоз, како и барање на косовската фармацевтска комора за ценовник.
Заедничка средба на двете влади во Скадар во септември беше најавена пред еден месец од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама.