Го изгубивте чувството за мирис и мислите дека е корона? Домашен тест ќе утврди дали станува збор за настинка или смртоносен вирус

од Vladimir Zorba
659 прегледи

Заедно со најчестите симптоми – треска, кашлица, замор, дијареја … губењето на чувството за вкус и мирис е недвосмислен показател дека станува збор за инфекција со коронавирус.

Ова е особено изразено во вториот врв на епидемиолошкиот бран, кога беше откриено дека голем број заразени лица имаат ослабено или целосно губење на чувството за мирис. Ова нарушување се нарекува аномија, а откриено е дека може да биде долгорочно …

„Аносмија ви ги одзема сите мириси во вашиот живот, тоа е вистинска тортура“, рече Милар, претседател на француска група која им дава поддршка на пациентите преку Здружението Anosmie.org.

Водечки истражувач од Универзитетот во Источна Англија, проф. Карл Филипот го тестирал чувството за вкус и мирис кај 30 испитаници, од кои 10 биле заразени со вирусот, 10 со силен грип и 10 здрави луѓе, без симптоми на настинка или грип.

Губењето мирис беше значително поизразено кај субјекти со Ковид-19, а се установи дека не биле во можност да прават разлика помеѓу горчливите и слатките вкусови.

„Навистина се чини дека има својства што се клучни во разликувањето на короната од другите респираторни вируси“, рече проф. Филип.

„Ова е многу важно бидејќи тоа значи дека тестовите за мирис и вкус може да се користат за да се разликува дали некое лице има ковид, настинка или грип“.

Тој исто така рече дека секој може да го тестира чувството за мирис и вкус самостојно, дома, користејќи производи како што се кафе, лук, портокал или лимон и шеќер.

Исто така истакнува дека дијагностичките тестови за брисеви на грлото и носот (ПЦР) сè уште се неопходни за да се утврди со сигурност дали некое лице страда од ковид-19.

Слични содржини