Играчите на ПСЖ ќе бидат побогати за милион евра ако ја освојат ЛШ

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Доколку победат во финалниот натпревар во Лигата на шампионите, фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе добијат медал, но секој од нив ќе ја заврши сезоната побогат за бруто милион евра.

Претседателот на клубот, Насер ел Хелаифи, ќе плати толку многу на секој играч на тимот, затоа што тие го освоија највредниот пехар во Европа, за што ќе добијат 500.000 евра, Француското првенство (400.000) и Лига Купот (50 000) и Францускиот куп (50 000).

Како што пишува „Екип“, ова е „наследството“ на Златан Ибрахимовиќ, кој преговарал со првиот човек на клубот во текот на сезоната 2013-2014. Во тоа време, Хелаифи беше опседнат со освојувањето на пехарот, па се согласи на тие услови што не сакаше да ги смени.

Фактот дека секој член на француската репрезентација доби 400.000 евра бруто за освојување на светската титула во 2018 година, говори за колку пари станува збор, односно колку Хелаифи го цени тој (потенцијален) успех.

Слични содржини