Во Косово починаа уште 10 лица од коронавирусот

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Во последните 24 часа, потврдени се 162 нови случаи на коронавирус на Косово, а нови 10 лица починаа, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина.

Според изјавата, 584 лица биле тестирани за присуство на коронавирус.

Во моментов, активни се 3.571 случаи на Ковид-19.

Досега, 448 луѓе починале од ефектите на коронавирусот.

Слични содржини