Шефот на СЗО предвидува кога ќе заврши корона-кризата

од Nikola Popovski
230 прегледи

Светската здравствена организација се надева дека корона-кризатa ќе заврши за помалку од две години. Ова го изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во време кога бројот на заразени со Ковид-19 во светот надминува 23 милиони.

Тој потсети дека шпанската треска, која се појавила во 1918 година по Првата светска војна и однесе милиони животи, траела две години.

„Нашата ситуација сега е таква што имаме повеќе технологија, но со поголема поврзаност (на светот), вирусот има подобри шанси за ширење и може да се движи брзо“, изјавил генералниот директор на СЗО.

Во исто време, сепак, додал тој, светот има технологија и знаење да го запре вирусот.

„Наша предност е подобрата технологија, а наш недостаток е глобализацијата, блискоста и врските. Се надеваме дека ќе ја прекинеме оваа пандемија за помалку од две години “, рече шефот на СЗО.

Тој повикла на „национално единство“ и „глобална солидарност“.

„Тоа е навистина клучно со максимална употреба на расположливи средства и надеж дека ќе имаме дополнителни средства, како што е вакцината“, изјавил Гебрејесус.

Бројот на заразени надмина 23 милиони

Патем, според податоците на страницата „Worldometer“, за само три дена, од 18 август, бројот на пациенти во светот се зголемил за еден милион.

Најмногу заразени се уште има во САД – скоро 5.800.000, а потоа следува Бразил со повеќе од 3,5 милиони и Индија со скоро три милиони.

Четврта во светот и прва во Европа е Русија со 946.976 пациенти, потоа Шпанија со 404.229 и Велика Британија со повеќе од 320.000 заболени.

Слични содржини