СЗО и ООН: Децата над 11 години треба да носат маски

од Nikola Popovski
156 прегледи

Децата, почнувајќи од 12 години, треба да носат маски за лице секаде каде што и возрасните ги носат, како една од мерките против Ковид-19, соопшти Агенцијата на ООН за здравје и права на децата во упатствата кои ги подготвени до властите.

Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ) генерално не препорачуваа децата на возраст од 6 до 11 години да носат маски, но треба да се земат во предвид областите со интензивна стапка на пренесување на вируси и во посебни прилики како што се училиштата, јави ДПА.

Како и да е, постојат ситуации кога маските „можат значително да влијаат врз процесот на учење и да имаат негативно влијание врз училишните активности“, соопштија меѓународните експерти кои го подготвија упатството.

Помалите деца не треба да бидат присилени да носат маски, особено затоа што не можат да ги стават и да ги симнат правилно на вистински начин, според упатствата објавени во петокот вечер.

Помладите деца не треба да носат маски, главно затоа што не можат сами правилно да ги ставаат и вадат, се наведува во документот што вчера беше објавен.

Експертската група соопшти дека децата до шестгодишна возраст ќе треба да се под постојан надзор доколку носат маски.

„Децата, исто така, треба да бидат сослушани во врска со нивните перцепции и каква било загриженост за носењето маска“, наведуваат експертите.

Според последните податоците од целиот свет, само околу еден до седум проценти од сите случаи на Ковид-19 се деца и млади под 18 години, го пренесува ДПА документот на СЗО и УНИЦЕФ за детското носење маски.

Слични содржини