Како се одвивал третманот на Навални во Омск: Семејството било коректно, но имало проблеми со опкружувањето

од Nikola Popovski
295 прегледи

Раководителот на Одделот за анестезиологија и реанимација на рускиот национален центар „Пирогов“, Борис Тјоплих опиша како течел медицинскиот третман на рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални во Омск.

Според него, членовите на семејството биле максимално точни и внимателни кон лекарите, но со неговата околина тоа била сосема поинаква ситуација.

„За тоа време, нивната околина спроведуваше информативна глупост, не правејќи разлика меѓу лекарите и административците. Оние луѓе кои се жалат на пропаганда, надминаа сè во пропагандата. Лекарите не направиле дијагноза – аха, не, но сите верзии што беа разгледани беа пренесени на семејството. Кома без јасна генеза – голема низа на нешта за кои треба да се исклучат, за што станува збор и за што искрено се говори … И сè се пренесува обратно“, напишал тој на Фејсбук.

Во Омск биле присутни сопругата на Навални, Јулија, неговиот брат Олег, портпаролката Кира Јармиќ, директорот на Фондот за борба против корупцијата Иван Жданов и докторката Анастасија Василјева.

Тјоплих исто така соопштил дека лекарите биле во постојан контакт со лабораториите за токсикологија.

Тој додал дека откако се стабилизирала состојбата на пациентот, на тимот што пристигнал од Германија му било предложено да започне со неговото пренесување.

„Германските колеги кои само еден час пред тоа рекоа дека се подготвени за транспорт, во секое време, соопштија дека на пилотите им е потребен одмор и дека пациентот е во стабилна состојба и дека може да биде тука уште десетина часа додека пилотите целосно не се одморат. Ако тој беше во критична состојба, тие ќе полетаа. Очекував групата да се упати кон хотелот со повиците да го пренесат што побрзо … Но, не. Неговото пкружување замолкна. Само семејството и лекарите се грижеа за пациентот. Како се вика тоа? Селективни вести?“, објавил Тјоплих

Рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални беше хоспитализиран откако му се слоши на летот од Томск кон Москва. Навални потоа падна во кома, а неговата портпаролка Кира Јармиќ изјави дека се сомнева дека Навални е отруен. Лекарите во болницата изјавиле дека тој бил на интензивна нега.

Слични содржини