Црни прогнози за САД: Ако не се преземат дополнителни мерки, ќе има уште 134 000 починати од Ковид-19 до декември

од Nikola Popovski
175 прегледи

До декември уште 134.000 лица во САД би можеле да умрат од последици на Ковид-19, доколку не се воведат дополнителни мерки за превенција, додека актуелната состојба со пандемијата значително би се влошила доколку се олеснат мерките што во моментов се во сила, се наведува во истражувањето на Институтот за здравствена проценка на Универзитетот во Вашингтон (IHME).

Директорот на институтот Крис Мари изјави за Си-Ен-Ен изјавил дека околу 70.000 животи би можеле да бидат спасени во САД ако Американците носат повеќе заштитни маски.

„Навистина зависи од тоа што прават нашите водачи, како лидери, така и како индивидуи, како и од тоа што прават владите“, рече Мари.

Си-Ен-Ен наведува дека според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“, најмалку 176.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот се регистрирани во САД од почетокот на пандемијата.

Според предвидувањата на IHME, освен ако не се случи промена во начинот на кој американските власти се борат со пандемијата, бројот на загинати ќе продолжи да расте во текот на есента и да достигне околу 310.000 смртни случаи до 1 декември.

Според Мари, тој број би можел да се намали за околу 70.000, доколку значително поголем број Американци носеат заштитни маски.

За таков резултат, додаде тој, неопходно е околу 95% од американското население да носи маски.

Мари вели дека до почетокот на декември дневниот број на жртви во САД може да достигне 6.000 доколку американските сојузни власти попуштат со мерките против коронавирусот.

Слични содржини