Рускиот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, официјално бил донесен во Германија како „гостин Канцеларката“, што му овозможува да добие обезбедување, објавила телевизијата ЗДФ, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
Според телевизијата, Министерството потврдило дека Навални за превозот добил статус на „гостин на Канцеларката“ Ангела Меркел.
Овој статус „не е политички сигнал“, но е „бирократско добредојде да се осигура дека рускиот политичар добива максимална полициска заштита“, објаснува телевизијата.
Претходно беше објавено дека припадниците на полицијата се на должност пред клиниката каде се наоѓа Навални.
Навални му се слоши во четвртокот на летот од Томск кон Москва, при што авионот итно слетал во Омск. Лидерот на опозицијата е пренесен во болницата каде паднал во кома. На почетокот се претпоставуваше дека Навални е отруена од нешто што било ставено во неговиот чај на аеродромот.
Заменик-главниот лекар во болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко, подоцна објавил дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека, според резултатите од тестовите, во Навални не доживеал мозочен удар, срцев удар, ниту има некаква инфекција или коронавирус.