397
Русија го реализира договорот со Србија за испорака на батеријата за противвоздушните ракетно- топовски системи „Панцир С1“, изјави директорот на Руската федерална служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев, за „Спутник“.
„Доставена е една батерија на противвоздушниот ракетен систем „Панцир С1“, што ќе и овозможи на Србија да ја зачува безбедноста на својата територија од надворешни закани од кој било непријател“, рече Шугаев.
Претходно, извор од областа на воено-техничката соработка изјави дека Русија и Србија потпишале договор за испорака на една батерија на системот за воздушна одбрана „Панцир С1“.
Една батерија се состои од шест вакви системи.