Лавров: Белоруската опозиција сака крвопролевање во земјата

од Nikola Popovski
202 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека опозицијата во Белорусија не е задоволна од намалувањето на интензитетот на поддршка на протестите и ги обвини дека сакаат да предизвикаат крвопролевање во земјата, јавува Анадолија.

Лавров на форумот во московскиот Солхеногорск изјави дека белоруските безбедносни сили не користат сила против мирните демонстранти, но дека некои белоруски опозициски фигури кои живеат на Запад се обидувале да извршат влијание и да предизвикаат немири во земјата.

Споредувајќи ги тековните протести во Белорусија со оние што се случија на почетокот на минатата година во Венецуела, Лавров рече дека белоруската опозиција ги користи тактиките на венецуелската опозиција и сака да разговара со претседателот Александар Лукашенко исклучиво за неговата оставка.

Лукашенко прогласи победа на изборите

Опозициите во Венецуела и Белорусија се незадоволни од претседателските избори на кои Николас Мадуро и Лукашенко освоија нови мандати на чело на тие земји.

Лавров исто така рече дека се почестото обраќање на лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја на англиски јазик, јасно ги покажува нејзините центри на интерес.

Лукашенко неодамна прогласи победа на изборите што се одржаа во Белорусија на 9 август, а Тихановскаја ја напушти земјата и со семејството отпатува за Литванија.

Среде антивладините протести во Белорусија, лидерите на Европската унија го повикаа Лукашенко да ги почитува основните човекови права и дијалогот со опозицијата.

Слични содржини