Сирија остана без струја: Дали причината е терористички напад? (видео)

од Nikola Popovski
181 прегледи

Експлозија на гасоводот во подрачјето на Дамаск доведе до општ прекин на електричната енергија во Сирија, објави државната телевизија, повикувајќи се на Министерството за енергетика, додека Министерството за нафта не ја исклучува можноста дека може да се работи за терористички напад.

„Експлозијата на арапскиот гасовод меѓу округот Думаира и Адра во провинцијата Дамаск доведе до генерален прекин на електричната енергија во Сирија“, рече сирискиот министер за енергетика, Зуеир Харбутли.

Сирискиот министер за нафта и минерални суровини Али Ганем, наводно, изјавил дека експлозијата на гасоводот што го снабдува јужниот регион на земјата „може да биде терористички напад“.

Министерот истакнал дека поради експлозијата, три станици престанале да работат. Според него, експертите работат на отстранување на проблемот.

„Снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува во провинциите во Сирија“, изјавил Харбутли, додека според Ганем, „снабдувањето со електрична енергија е повторно воспоставено во центарот на Дамаск и постепено ќе се обновува во другите региони“.

Министерот посочил дека техничарите ги започнале поправките уште по првите минути по експлозијата и дека ситуацијата ќе се „врати во нормала“ во наредните неколку часа.

Слични содржини