Ново вознемирувачко видео од САД: Полицајци застрелале Афроамериканец со 7 куршуми во грбот (видео)

од Nikola Popovski
162 прегледи

Америка е повторно на нозе, откако во јавноста протече уште едно вознемирувачко видео со полициска бруталност, овој пат во Кеноши, Висконсин.

Афроамериканец бил примен во болница со повеќе рани од огнено оружје, а веднаш по инцидентот започнал собир на граѓани, кои демонстрирале на местото на трагичниот настан

Како што се наведува, сè се случило околу 17 часот по локално време, кога полицијата била повикана да интервенира во она што се карактеризирало како семејна кавга.

Иако сè уште нема официјални соопштенија од полицијата, во видеото се гледа како човек се приближува кон автомобилот и ја отвора вратата, по што полицаец го застрелува околу 7 пати во долниот дел на грбот, држејќи го за маицата. Иако полицајците се сомневаат дека Афроамериканецот имал намера да земе оружје од автомобилот, многумина ја осудија оваа реакција на полицијата.

Низ одредени делови на САД се уште траат протестите поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на апсењето во мај.

Слични содржини