Словенија: 14 заболени и двајца починати од Ковид-19, новите случаи доаѓаат од Хрватска

од Nikola Popovski
126 прегледи

Уште две лица починале од коронавирус во Словенија, а потврдени се нови 14 случаи на инфекција, објавила денеска словенечката влада.

Од Словенија од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 2.665 случаи на инфекција, а во моментов се активни 410 случаи, пренесува агенцијата СТА.

17 заразени лица се хоспитализирани, додека вкупно 133 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Властите и здравствените експерти очекуваат ситуацијата да се влоши во следните две недели бидејќи илјадници Словенци се враќаат од Хрватска, каде што бројот на заболени од Ковид-19 нагло се зголеми.

Во последните неколку недели, значителен дел од потврдени случаи на инфекција во Словенија се потврдени кај луѓе кои се заразиле додека биле на одмор во Хрватска.

Минатата недела Словенија ја стави Хрватска на црвениот список, што значи дека оние што доаѓаат од Хрватска ќе треба да бидат ставени во карантин за две недели. Меѓутоа, владата им даде можност на оние што се враќаат од Хрватска да се вратат без задолжителен карантин до крајот на денешниот ден.

Сепак, здравствените власти препорачаа овие граѓани да поминат извесно време во самоизолација.