Коронавирус нема само во овие 10 земји, но сепак имаат сериозни проблеми

од Nikola Popovski
192 прегледи

Пандемијата на коронавирус го зафати целиот свет освен 10 земји, но нивните економии исто така се сериозно погодени.

Земји без случаи на Ковид-19 се Палау, Микронезија, Маршалските острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонга.

Сепак, пандемијата тешко ги погоди економиите на овие земји.

Во 2019 година Палау го посетиле околу 90.000 туристи, што е за пет пати повеќе од вкупното население. Во 2017 година, според податоците на ММФ, туризмот учествувал со 40 проценти од БДП на земјата.

Поради пандемијата на коронарен вирус, границите на Палау се затворени од крајот на март, така што, иако никој не е заразен, вирусот ја уништи земјата.

Брајан Ли, сопственик на локалниот хотел „Палау“, има околу 20 вработени и дава се од себе за да не му пропадне бизнисот.

„Работат со скратено време, наоѓам различни работни места за нив – одржување, реновирање и слично, но празните хотели не можат да се реновираат засекогаш. Ако ова продолжи, ќе треба да ги затворам“, рече тој.

Слична е ситуацијата е на Маршалските острови, каде се очекува губење на околу 700 работни места, претежно се во угостителскиот сектор.

Слични содржини