Руските лекари кои го лекувале Навални добиваат смртни закани

од Nikola Popovski
317 прегледи

Околу илјадници повици добил ургентниот центар во Омск, каде бил лекуван Алексеј Навални, изјави на прес-конференција главниот лекар на оваа медицинска установа, Александар Мураховски, а неговиот заменик Анатолиј Калиниченко призна дека добивал закани преку социјалните мрежи.

„Никој не ми се закани лично – ниту во живо ниту преку телефон. Имаше многу повици до болницата. „можеби преку 1000“, одговорил Мураховски на прашањето дали болницата добила закани.

Според него, поради собирањето луѓе пред болницата, амбулантни возила понекогаш минувале со тешкотии, а некои новинари ги снимале и пациентите што доаѓаат, што според лекарите е неприфатливо.

Тој посочил дека тоа не влијае на работата на лекарите, затоа што не е можно да се дојде до лекар во единицата за интензивна нега, но дека пред болницата имало многу луѓе.

Од своја страна, заменик-главниот доктор на болницата, Анатолиј Калиниченко, рече дека добил закани.

„Како активен корисник на социјалните мрежи, јас лично и моето семејство добивме десетици закани, затоа што не ги кријам фактите од мојот личен живот. Сепак тоа не влијаеше на квалитетот на третманот на пациентот. Бог е судија на овие луѓе. Ние го човекот и тој не е виновен за тоа“, рекол Калиниченко.

Тој соопштил дека го испратиле Навални на аеродромот и го предале во авионот што го превезувал во Германија. Подоцна се вратил на работа и ја завршил смената, а кога дошол дома, бил шокиран од негативните коментари на Интернет.

„Многумина го користат ова како изговор за одредена самопромоција. Бев изненаден од нешто друго: многу луѓе, дури и познати новинари и лекари со светски углед, дозволија да коментираат без информации, дека дијагнозата е погрешна, дека тој бил неправилно третиран, прашаа зошто не е даден составот на советот, податоци, анализи – покажете ни сè, а потоа ќе ве процениме“, рекол докторот.

Калиниченко додал дека за него било чудно да слушнат вакви изјави од неговите колеги, затоа што тие знаат дека лекарите, според законот, не можат јавно да изнесуваат дијагнози.

Слични содржини