Германската влада: Навални најверојатно бил отруен

од Nikola Popovski
396 прегледи

Германската влада смета дека „многу веројатно“ е дека рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Берлин, е жртва на труење.

„Ова е пациент кој многу веројатно бил жртва на напад со отров. Сомнежот не е поврзан со фактот дека Навални се сам отрул, туку дека некого му ставил отров, а германската влада го сфаќа ова сомневање многу сериозно“, изјавил портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.

Тој исто така објаснил дека поради ова е поставено полициско обезбедување пред болницата во која претстојува.

Портпаролот исто така соопштил дека немало официјална покана од германската влада, но дека Навални влегол брзо во земјата на барање на неговото семејство од хуманитарни причини.

Главниот противник на Кремљ, кој ја изложи корупцијата на руската елита, Алексеј Навални (44), беше хоспитализиран во Омск во четвртокот, откако му се слоши, а потоа во саботата беше пренесен во болница во Берлинч.

Руските лекари негираат дека тоа е труење, а неговите соработници се убедени дека Навални е отруен.

Слични содржини