Во последните 24 часа во Србија, уште три лица починале како резултат на коронавирусот, така што вкупниот број на жртви се зголемил на 701, соопштило тамошното Министерство за здравство.
Од последниот пресек на состојбата во Србија, на коронавирус биле тестирани 7.261 лице, а регистрирани се 57 нови случаи.
На респиратори се приклучени 44 лица. Од почетокот на епидемијата се потврдени вкупно 30.714 случаи на инфекција во Србија, а вкупно 881 лице се хоспитализирани.
Стапката на смртност е 2,28 проценти. До 15 часот на 24 август, вкупно 876.929 лица биле тестирани во Србија кои ги исполнувале критериумите за тестирање.