Повторно насилни протести во САД: Горат улиците на Висконсин по убиството на Афроамериканецот Блејк (видео)

од Nikola Popovski
237 прегледи

Во градот Киноша, во американската сојузна држава Висконсин, избиле демонстрации и немири бидејќи полицијата застрелала невооружен Афроамериканец, поради што локалните власти вовеле полициски час.

Мажот е идентификуван како Џејкоб Блејк, а во моментов е на интензивна нега, соопштило неговото семејство за Би-Би-Си.

Според објавеното во локалните медиуми, полицаецот го застрелал невооружениот Блејк во грбот седум пати, а полицијата била повикана на локацијата поради семејна кавга.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, ја осудил прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и побарал да се пристапува со помалку агресија кон Афроамериканците во Висконсин, пренесува “Reuters”.

Голем број на огорчени граѓани набрзо излегле на улиците на Киноша, гаѓајќи ја полицијата со молотови коктели и цигли, па кратко потоа во градот е прогласен полициски час.

Во текот на нередите запален е и цел паркинг со автомобили изложени на продажба.

Слични содржини